Австралиската тенисерка Ешли Барти која од понеделникот е на светскиот тениски врв ќе биде прва носителка на Грен слемот „Вимблдон“.

На официјалната веб-страница на неофицијалното светско тениско првенство на трева денеска се објавени 32. Носители во машка и во женска конкуренција.

Кај тенисерите првите осум фаворити се: Ѓоковиќ, Федерер, Надал, Андерсон, Тим, Зверев, Циципас и Нишикори.

На женскиот дел од турнирот првите осум носителки се: Барти, Осака, Плишкова, Бертенс, Кербер, Квитова, Халеп и Свитолина.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2019 16:44