Во рамки на коморската соработка Стопанска комора Македонија Турција – МАТТО и Стопанската комора на Амасија, денеска ќе се одржат билатерални средби во Скопје, а утре во Битола.

Средбите, како што соопшти МАТТО, се организирани во соработка со Регионалната комора на регионот Амасија.

-Амасија има развиено земјоделско производство (зеленчук и овошје), прехранбена индустрија, рударство (јаглен, лигнит, гипс и мермер), машинска индустрија,особено металопреработувачка, дрвна и текстилна, индустрија на мебел, како и производство на пластика. Амасија е втор извозник на мермер во Турција, велат од МАТТО.

Ова е трета турска деловна делегација што во овој период ја посети земјава, а најавени се уште две за есен, од Измир и Мерзифон.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2019 14:06