Светскиот шампион за 2016 година, Нико Розберг е категоричен дека Себастијан Фетел повеќе нема шанси за титулата. Возачот на Ферари е трет во пласманот, со 76 поени зад Хамилтон и се уште не запишал победа оваа година.

– Мислам дека Фетел нема повеќе шанси за шампионатот. Единствениот со мали шанси е Ботас, но на сите им е јасно дека тоа ќе биде многу тешко, рече Розберг во видео на својот Јутјуб канал.

Според него, Луис има најдобри шанси да го освои својот шести светски шампионат.

– Тоа ќе биде буквално лудо. Мерцедес пак ќе го освојат својо шести шампионат кај конструкторите, што е навистина феноменално, додава Германецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2019 09:17