Фирмите од градежната дејност лани потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.169. 835.000 денари, што е за 5,5 проценти помалку во однос на претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата Материјали за врзување со 3.535.280.000 денари (38.6 проценти), потоа следат групите „Потрошено гориво“ со 1.187.983.000 денари (13 проценти), „Изолациски материјали и премази“ со 1.158.258.000 денари (12.6 проценти) итн.