Бројот на работниците во индустријата во мај годинава во однос на мај лани е намален за 2,5 проценти, а во периодот јануари – мај годинава, споредено со истиот период минатата година за 0,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на работници во секторот Рударство и вадење на камен во мај оваа година, во однос на мај минатата година, бележи пад од еден процент, во преработувачката индустрија пад од 2,7 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,3 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во мај годинава, во однос на мај лани бележи пораст кај „Капитални производи“ за 2,4 проценти, а опаѓање кај „Енергија“ за 1,2 проценти, „Интермедијарни производи, освен енергија“ за 1,4 проценти, „Tрајни производи за широка потрошувачка“ за 5,8 проценти и „Нетрајни производи за широка потрошувачка“ за пет проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2019 15:33