Џамал ​​Мареј ќе потпише нов петгодишен договор со Денвер тежок 170 милиони долари.

22-годишниот канадски кошаркар минатата сезона одигра 75 натпревари во основниот дел стигнувајќи до просек од 14,8 поени, 3,5 скока, 3,4 асистенции по натпревар.

Во 14 натпревари од плејофот Мареј има просек од 21,3 поени, 4,4 скока и 4,7 асистенции.

Денвер.

Нагетс кој сезоната ја заврши на 2.место во Западната конференција, во четвртфиналето од плејофот беа елиминирани од Портланд со 4-3 во победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2019 14:44