Новак Ѓоковиќ ја започна успешно одбраната на титулата на „Вимблдон“. Светскиот тенисер бр.1 го победи Филип Колшрајбер (Германија) по 6:3, 7:5, 6:3. Следен ривал на Србинот е Американецот Денис Кудла, кој го победи Малек Џазири од Тунис со 6:4, 6:1, 6:3.

Ѓоковиќ ја задржа својата добра статистика во првиот круг на „Вимблдон“, освојувајќи 15 последователна победа во оваа етапа на турнирот во Лондон. Четирикратниот шампион на најпрестижниот тениски турнир забележа 36 винери и 19 неизнудени грешки. Тој оствари краен успех за 2 часа и 2 минути.

Во првиот натпревар во кој Горан Иванишевиќ беше дел од неговиот штаб, Новак немаше сериозни проблеми, но сепак се испоти против својот 35-годишен ривал.

Српскиот тенисер избра да не игра на загревачки турнири пред Вимблдон, но ист беше случајот и при трите негови титули од „Ол Ингланд клаб“.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2019 18:35