Јубилејната 70-та сезона на Формула 1 почнува на 15 март, одлучи меѓународната федерација за автомобилизам.

Извршниот директор на Формула 1 Чејс Кери денеска објави дека следното светското првенство ќе стартува на 15 март со трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн.

– Не постои подобро место за отворање на сезоната, изјави Кери.

Со трката за Големата награда на Австралија, по 25 пат сезоната на Форлмула 1 ќе стартува од Мелбурн. Инаку, се уште не е објавен остатокот на календарот на трките за 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2019 16:39