Рафаел Надал се рангираше по15-ти пат во финалниот турнир во АТП. Натпреварот ќе се одржи од 10 до 17 ноември во салата „О2“ во Лондон. Светскиот тенисер број 2 се квалификуваше за престижниот турнир на крајот од сезоната откако победи против Сем Квери во четвртфиналето на „Вимблдон“.

33-годишниот Шпанец ќе се обиде по петти пат (по 2008, 2010, 2013 и 2017 година) во својата кариера да ја заврши годината како број 1 во светот. Надал има 82 титули (18 од нив се од Гренд-слем + 34 „Мастерс“ титули), но никогаш не го освоил трофејот, кој го носи името Бред Друит кој се доделува на шампионот на финалниот турнир на ATП.

Светскиот бр.1 Новак Ѓоковиќ ќе се приклучи на Надал, ако ја одбрани минатогодишната титула на „Вимблдон“. Роџер Федерер во моментов е трет во „ATП трката“ за Лондон, а по него се Доминик Тим, Стефанос Циципас, Кеј Нишикори, Роберто Баутиста Агут и Даниил Медведев.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2019 15:46