Јован Стојоски успеа да влезе во финалето на Европско првенство под 23 години.
Со ваквиот подвиг, Стојоски влезе во историјата на Македонската атлетика како прв атлетичар кој успеал да стигне до финалето на едно вакво големо европско натпреварување.
Имено, Стојоски кој е член на АК Охрид и синоќа на ова првенство се пласираше во полуфиналната рунда, денеска со резултат 47 секунди и 02 стотинки во првата полуфинална група се пласираше на третото место, со што стана македонски финалист на ова големо натпреварување.
Финалната трка на 400 метри, македонскиот атлетичар ќе ја истрча утре на 13 јули, со почеток во 18.30 часот.