Неколку илјади демонстранти се собраа во центарот на Чикаго против имиграциската политика на американскиот претседател Доналд Трамп.
Според медиумите во САД, американските надлежни служби планираат денеска да спроведат голема рација и апсење на околу 2.000 илегални имигранти, на кои им е издадено решение за депортирање.
Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Не деца во кафез“ и „Укинете ја Агенцијата за имиграција“.
Портпаролот на полицијата Ентони Гуглеми изјави дека протестот поминал мирно и ниту еден од учесниците не е приведен.
Според проценките на полицијата, на протестот учествувале околу 5.000 луѓе.
Слични собири се одржани и во други градови на САД, а во Феникс полицијата уапсила 16 лица.