Русија успешно лансира вселенски телескоп од последна генерација, откако тој настан поради технички проблеми беше со денови одложуван, соопшти Руската вселенска агенција.

Роскосмос соопшти дека телескопот Спектр-РГ прво со помош на ракетата Протон-М е лансиран во земјината орбита, по што е испратен надвор од орбитата кон својата конечна дестинација – Л2 точката Лагранж, една од точките во Соларниот систем каде објектите можат подолг период да ја задржат својата позиција.

Таа точка е оддалечена од Земјата околу 1,5 милиони километри, а оценета е како идеална за рускиот телескоп.

Ако се одвива се според планот, телескопот до својата конечна дестинација треба да стигне за три месеци и на тој начин да биде поставен првиот руски телескоп кој ќе спроведува операции надвор од земјината орбита уште од времето на СССР.

Мисијата на телескопот би требало да трае до 2025 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2019 11:17