Петнаесетгодишно девојче доцна синоќа, 15 минути по полноќ, заедно со нејзините родители, пријавило во Секторот за внатрешни работи Тетово дека врз неа била извршена обљуба.

Како што соопштија денеска од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово, во пријавата се наведува дека 22-годишен тетовец, со кого била во љубовна врска ја извршил обљуба врз неа на 11 јули, годинава околу 21 часот, во нивниот дом.

Пријавениот бил повикан во Полициската станица Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2019 12:23