Во попициска станица во Кичево во текот на вчерашниот ден околу 12:00 часот било пријавено дека на Житен пазар на улицата „Маршал Тито“ бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад.

Ш.И. (61) со остар предмет му нанел телесни повреди на Д.С. (55), двајцата од Кичево. На Д.С. му била укажана лекарска помош во Општата болница во Кичево.

По целосно документирање на случајот, против Ш.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2019 14:56