Откако славеше на спектакуларното финале во Вимблдон, рекетот број еден во светот Новак Ѓоковиќ изјави дека до крајот на неговата кариера му остануваат уште две неостварени цели.

– Гренд-слемовите се во овој момент приоритет во оваа фаза на кариерата. Втората цел е да го соборам рекордот според недели на останување на првото место, а јас не сум далеку од тоа, изјави Ѓоковиќ за „Тенис чанел“.

Новак во неделата во натпреварот против Рожер Федерер ја освои 16-та Грен слем титула, му се приближи на Рафаел Надал со две титули Гренд слем заостанување и со четири до рекордот на Федерер.

Инаку, што се однесува до неделите поминати на чело на АТП листата, Ѓоковиќ влезе во 261 недела, а пред него се Џими Конорс (268), Иван Лендл (270), Пит Сампрас (286) и Рожер Федерер (310).

Големи се изгледите на српскиот тенисер со добар настап на „УС Опен“ да го собори рекордот на Швајцарецот Федерер, на првата позиција на АТП листата.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2019 22:15