СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Б.(62) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата".
Во текот на 2017 и 2018, пријавениот во својство на секретар и вработен во здружението на ловци „Преспа“ од Ресен, во повеќе наврати за себе прибавил противправна имотна корист, на начин што собраните парични средства не ги уплатил на сметка на здружението, со што нанел материјална штета во износ од 129.900 денари.