Тојохару Танабе призна дека е тешко да се одговори на прашањето како Ред Бул успеа да се приближи до Мерцедес и Ферари во последните два круга од шампионатот. Во Австрија, Макс Верстапен ја донесе првата победа за Хонда, откако Јапонците се вратија во Формула 1. На „Силверстоун“, Холанѓанецот ќе се качеше на подиумот, ако не беше удрен од Себастијан Фетел.

– Не е многу лесно да се каже, се чини дека растојанието до лидерите навистина се намали во однос на претходните трки, вели Јапонецот.

Еден од можните одговори е новата спецификација бр.3, што доведе до зголемување на моќта на сите четири автомобили, напојувани од Хонда.

– Оваа година започнавме на повисоко ниво отколку во минатата. Тоа значи дека сме научиле многу од 2018 година, и успеавме подобро да се калибрираме уште од самиот почеток. Сепак има уште што да учиме на патеката, додаде Танабе.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2019 12:23