Заврши уште една трка околу Франција, на која како победник на годинешното издание на „Тур де Франс“ се прослави Еган Бернал, додека Калеб Еван го освои традиционалниот спринтерски финиш во Париз.

Колумбиецот вчера ја помина целта, а под рака му беше тимскиот колега и минатогодишен победник Жерант Томас, кој во генералниот пласман го освои второто место.

– Сакам да му се заблагодарам на мојот тим и Томас за можноста која ми ја даде. Јас сум најсреќниот човек во светот. Го освоив Тур де Франс и се уште не ми се верува, изјави Бернал.

Со победата на Бернал, тимот на Инеод ја продолжи британската доминација на оваа традиционална трка, која започна уште во 2012 година преку Бредли Вигинс, Крис Фрум и минатата година Томас.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2019 18:36