Поранешните бр.1 во светот, Марија Шарапова и Венус Вилијамс добија специјални покани да учествуваат во главната шема на ВТА турнирот во Синсинати.
Лидер во шемата ќе биде Ешли Барти, по што следат Наоми Осака и Каролина Плишкова. Актуелен шампион е Холанѓанката Кики Бертенс. Турнирот ќе се одржи помеѓу 10 и 18 август. – Марија и Винас се две од најголемите шампионки во историјата на играта. Со нетрпение очекуваме да ги видиме меѓу учесниците следниот викенд“, изјави директорот на турнирот во Охајо, Андре Силва. Шарапова, пак, порази четворица од најдобрите 15 тенисери на патот кон својата титула во турнирот во 2011 година. Во исто време, 39-годишната Венус ќе учествува на овој турнир по седми пат. Нејзиниот најдобар настап беше во 2012 година кога загуби од идниот шампион Ли На.