Луис Хамилтон и Мерцедес ја забележаа својата рекордна седма победа на Гран-при на Унгарија, победувајќи го Макс Верстапен во извонредна трка на „Хунгароринг“.

Петкратниот светски шампион и лидер во привремениот пласман заостануваше цело време, но благодарение на брилијантната стратегија на Мерцедес и вербата во победа, Британецот го надмина пилотот на Ред Бул на неколку круга пред крајот.

Макс Верстапен започна на пол-позиција и имаше многу добра трка, но до крајот неговите гуми се истрошија и Хамилтон успеа да го скрати заостанувањето и на крајот да го надмине. Мала утеха за Холанѓанецот би можела да биде дополнителниот бод за најбрзиот круг, кој исто така можеше да оди кај пилотот на Мерцедес. Хамилтон ја забележа својата осма победа сезонава и ја предводи табелата со 250 поени.

Себастијан Фетел го зазеде последното место на почесниот подиум. Четирикратниот светски првак го надмина тимскиот колега Шарл Леклер во последните обиколки, со што е нејасно дали станува збор за тимска команда или дали Фетел бил побрз. Вториот по крајот на квалификациите, Валтери Ботас имаше несреќа да го удри Хамилтон на стартот, оштетувајќи го предниот дел на неговиот автомобил и влезе во боксот. На крајот, финецот се искачи до 8-то место.

Во генералниот пласман по 12 трки води Хамилтон, а по него следат Ботас со 188 и Верстапен со 181. Себастијан Фетел е четврти со 156, а на четвртото место е Леклер со 132.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2019 10:12