Во текот на изминатите четири дена во Скопје и околината се регистрирани 187 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак.

Се случиле вкупно 37 сообраќајни незгоди, во кои со телесни повреди се здобиле 13, а тешко повредени биле три лица.

Исклучени од сообраќај, како што соопштија денеска од СВР Скопје по преземените мерки и активности од областа на сообраќајот се вкупно 76 возачи. Од нив 24 управувале под дејство на алкохол, а дури 45 воопшто немале возачка дозвола. Со истечена важност за сообраќајна дозвола биле 35 и исто толку нерегистрирани.

За непрописно паркирање се издаддени 77 казни, додека пајакот подигнал 54 возила.

За не користење кацига од страна на возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл казнети се 21 лице, за не носење сигурносен појас од страна на возачи за време на управување на моторни возила се 28, а 20 за користење мобилен телефон за време на управување со автомобилот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2019 11:33