На европските универзитетски игри што овој викенд се одржаа во Загреб, Хрватска, македонскиот каратист Петар Спасеновски освои бронзена медала во поединечниот дел, како и сребрена медала во екипно натпреварување.

Во борбата за бронзениот медал Спасеновски го совлада италијанскиот репрезентативец Андреа Бартоломеи со 5:0, додека, пак, во екипните борби македонските каратисти ја победија карате репрезентацијата на Словачка и освоија сребрен медал.

Спасеновски е актуелен државен, балкански и европски карате шампион и е дел од карате клубот Макпетрол.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2019 13:59