Три лица, од кои двајца полицајци, се повредени утрово во сообраќајна несреќа што се случила во 5.20 часот на обиколницата во близина на клучката Радишани.

Според првичните информации добиени од МВР, лицето З.П. (1989) од Тетово, управувајќи моторно возило Бе-Ем-Ве, удрило во автомобил „Шкода Јети“ во кој биле двајца полициски службеници.

Полицајците се здобиле со повреди и се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а возачот во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2019 16:19