Машко лице вчера, во 16:05 часот, пријавило дека на патот кон село Горно Оризари, додека извршувал работни задачи во нива во близина на патот, пронашол црна вреќа, во која имало човечки труп, соопштуваат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото е пренесено во Судска медицина за понатамошна постапка. Утврдено е дека се работи за жена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2019 13:00