Ѕвездите од последните неколку продолженија на „Брзи и бесни“ – Двејн Џонсон и Џејсон Стејтам имале договори според кои во секоја борба, секој од нив има право на ист број удари, објави „Варајети”.

Освен тоа, при составувањето на договорите за нивните улоги во серијалот, исто така, тие барале – во нивните меѓусебни „тепачки“, никогаш да нема победник и сите да завршуваат нерешено. Се шпекулира дека реципроцитетот го има и во многу други детали во филмовите.

Покрај тоа, и двајцата актери имаат најмено свои луѓе кои го бележат и следат секој детал што го засега договорот.

Последната можност да се провери дали овие пишувања се точни, е новиот филм со поднаслов „Хобс и Шо“.

Џонсон, инаку познат како „Карпата“, е прогласен за најплатен холивудски глумец за минатата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2019 10:39