Двајца жители на гостиварското село Чегране се приведени откако при претрес кај нив е најдено ќесе со марихуана.

Според СВР Тетово, полициски службеници, вчера околу 15:45 часот, во гостиварското село Чегране ги лишиле од слобода 21-годишниот Ш.А. и 24-годишниот Е.А., жители на ова село.

При нивен преглед пронајдена е марихуана по што двајцата потоа се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот. По спроведениот разговор двајцата чегранци ќе се соочат со соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2019 12:37