А.Џ. (18) и неговиот татко Е.Џ.(57) од гостиварска Долна Бањица се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар, откако при извршениот претрес во нивниот дом, вчера, реализиран со судска наредба, се пронајдени осум куршуми калибар девет милиметри и рамка за пиштол и 10 куршуми од гасен пиштол.
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, синоќа во 20:45 часот, соопштија денеска од МВР, извршиле претрес во домот на 18-годишниот А.Џ. во гостиварска Долна Бањица.
– При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени се осум куршуми калибар девет милиметри и рамка за пиштол и 10 куршуми од гасен пиштол. А.Џ. и неговиот татко Е.Џ.(57) лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар.Против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок, стои во соопштението од МВР.