Во гаража позади Основниот суд во Струмица избувна пожар при што се слушаат силни пукотници и се издига голем чад. На местото на пожарот се две противпожарни возила и десет пожарникари на ТППЕ Струмица кои се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Според Александар Гудев командир на струмичките пожарникари, станува збор за гаража позади судската зграда во Струмица во која најверојатно е сместен одземен пиротехнички материјал.

Гудев додава дека нема опасност од проширување на пожарот и засега најголем проблем при гаснењето се петардите поради што се слуша пукање.

-Нема опасност од проширување на пожарот., потенцира уште еднаш командирот на струмичката ТППЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2019 16:14