Третата сезона од ТВ-серијата „Американска криминална приказна“ е официјално најавена. Проектот обработува некои од најпознатите криминални случаи и скандали во поновата американска историја, а овојпат во фокусот е аферата на Бил Клинтон со Моника Левински.

Во улогата на Моника Левински ќе ја видиме Бини Фелдстин, позната по улогите во филмовите „Booksmart“ и „The Female Brain”. Проектот е во претпродукција, па засега не се знае кој ќе го глуми тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон.

Приказната се заснова на книгата „A Vast Conspiracy: The Real Story of the Sex Scandal That Nearly Brought Down a President” од Џефри Тубин.

Во серијата ќе глумат и Сара Полсон и Анали Ешфорд. Сценариото е на Сара Бурџис, а правата за продукција ги има компанијата Еф-екс продакшнс.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2019 10:30