Професор од Неготино наместо своето дете од трета година, на државен натпревар однел дете од четврта, кое решавало во име на синот на професорот. Матурантот освоил трето место. Реагирале родителите на матурантот, а за случајот бил известен и просветен инспектор и полиција.

Од Државниот инспекторат за образование и полицијата за МИА изјавија дека има случај со кој се запознаени.– Во однос на Вашето прашање за одвивање натпревар од електро струка на кој учестувале ученици и наставник од СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино, Ве известуваме дека Државниот просветен инспекторат има постапувано по реакција на група родители, во текот на јули 2019 година.

Од Државниот просветен инспекторат констатирани се повреди кои ги сторил наставник, менторот на учениците, издаден е прекршочен платен налог за наставникот согласно Законот за средно образование, кои се однесуваат на психичко малтретирање на ученик и тој е реализиран, велат од Инспекторатот.

Со записник било констатирано дека е известено во МВР. До училиштето од страна на Државниот просветен инспекторат дадено било и укажување со записник, да се поведе дисциплинска постапка против наставникот.Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски за МИА рече дека на 29 јуни 2019 година неготинската гимназија пријавила таков случај и се работи на расчистување.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2019 13:43