Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакнати контроли со цел санкционирање на прекршоците на учесниците во сообраќајот. Утврдено е дека 51 возач ја пречекориле брзината, а биле изречени и шест мерки за непрописно престигнување. Откриени се и 17 прекршоци што ги направиле мотоциклисти.
Вчера во периодот од 6:00 до 24:00 часот спроведена е контрола на брзина на движење на моторни возила и притоа е утврдено дека 51 возач ја пречекориле брзината во населено место и тие се соодветно санкционирани. Откриени се и 59 останати прекршоци, кои исто така соодветно се санкционирани.
Во периодот од 19:00 до 01:00 часот ноќеска била спроведена контрола за прекршоци што ги чинат возачи на мотори и при тоа биле откриени 17 прекршоци, кои се соодветно санкционирани. Исто така биле откриени уште 51 останати прекршоци.
Вчера во периодот од 15:00 до 20:00 часот била спроведена контрола за непрописно престигнување, при што преземени се шест мерки. Откриени се и 13 останати прекршоци.