Јапонската тенисерка Наоми Осака изјави дека научила многу од турнирот во Торонто. Таа го загуби четвртфиналето од Серена Вилијамс која ја смета за најдобра на светот.

– Научив многу во последните денови. Играв со најголемата тенисерка на светот, се вратив на првото место на ранг-листата и што е најважно, повторно почнав да се смешкам за време на натпреварите. Многу ми е драго. Со нетрпение очекувам нови натпревари и нови лекции. Благодарам, Торонто се гледаме следниот пат, напиша Осака на Твитер.

Јапонката од понеделник повторно ќе биде на врвот на ВТА ранг-листата.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2019 17:50