Американската тенисерка Серена Вилијамс се расплака за време на церемонијата на доделување на наградите по финалето на турнирот во Торонто.

Таа го предаде мечот на 19-годишната канадска тенисерка Бјанка Андреску.

– Благодарам момци. Жал ми е што морав да го сторам тоа. Пробав но, не можев. Бјанка, вие сте брилијантен спортист и жена. Благодарност до мојот тим. Одиме напред, рече Серена со солзи пред своите обожаватели.

Турнирот во Торонто, Канада, се играше за награден фонд од 2,5 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2019 10:41