Јапонката Наоми Осака повторно е прв светски рекет, откако денеска се врати на лидерското место на ВТА ранг листата.
Осака ја потисна Ешли Барти која загуби во второто коло на Роџерс купот, додека Осака стигна до четвртфиналето и освои доволен број бодови.
Сега Јапонката има 6.417, додека Барти остана на 6.256.
Во ТОП 5 се уште и Каролина Плишкова, Симона Халео и Кики Бертенс.