Шефот на Ферари, Матија Биното рече дека нема намера да ги смени пилотите Себастијан Фетел и Шарлс Леклер за следната година.
Имаме на располагање двајца возачи на висока класа, па не гледам причина да го сменам составот за следната сезона, изјави Биното. Што се однесува до Леклер, тој добро се справува со притисокот во својата дебитантска сезона Во Формула 1 шампионатот.
– Да, тој прави грешки, но се обидува да ги научи и да не ги повтори, додаде првиот оперативец на Ф1 тимот Ферари.