ТВ-серијата „Пријатели“ оваа есен слави 25-годишнина од прикажувањето на првата епизода. По тој повод на 23, 28 септември и на 2 октомври, во киносалите ширум САД ќе бидат прикажани вкупно 12 епизоди, по четири во една вечер.

Како што соопшти Ворнер брос, одбраните епизоди се преработени во 4К резолуција и ќе имаат додатоци како што се интервјуа со протагонистите и досега необјавени снимки и сцени.

– Обожавателите ќе имаат можност да се потсетат на некои од најемотивните и најсмешните мигови од серијата – овојпат на големиот екран, изјави Реј Нат, претставник на организаторите на проектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2019 11:12