Тетовската полиција соопшти дека завршила истрагата за четири тешки кражби во цркви во регионот. За извршените кражби полицијата ќе поднесе кривична пријава за 18-годишно момче од тетовското село Озормиште.

– З.А.(18) се сомничи дека во мај и јуни годинава насилно провалил во црквите во тетовските села Радиовце, Волковија и Јанчиште и по комплетното пребарување на нивната внатрешност одземал парични средства. На тој начин противправно се стекнал со вкупна имотна корист која се проценува на 8.500 денари, информираат денеска од СВР Тетово.

Осомничениот З.А., како што посочуваат, и претходно бил пријавуван во СВР Тетово за вакви и слични кривични дела, кои главно ги извршувал на поширокото тетовско подрачје.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2019 13:25