Советот за безбедност на ОН денеска ќе се состане на затворена седница на која ќе се расправа за ситуацијата во Кашмир.

На состанокот, свикан на барање на Пакистан и Кина, ќе се разговара за одлуката на Индија за укинување на специјалниот статус на Џаму и Кашмир. Одлуката од 5 август на Њу Делхи предизвика остра реакција од Исламабад, кој има територијални претензии кон областа.

Кашмир со децении е точка на конфликт во нуклеарните односи Индија-Пакистан. Со текот на годините, Советот за безбедност на ОН усвои неколку резолуции во врска со спорот меѓу двата соседа за хималајскиот регион.

Од 1949 година, ОН поддржува мисија на воени набудувачи да го следат зачувувањето на примирјето меѓу Индија и Пакистан во државата Џаму и Кашмир.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2019 10:14