Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до четвртфиналето на турнирот во Синсинати, САД.

Србинот ноќеска го совлада Шпанецот Пабло Карено Бусто со 2-0, по сетови 6:3 и 6:4.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Лук Пуи од Франција.

Наградниот фонд на престижниот турнир во Синсинати изнесува шест милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2019 10:36