Весникот Волстрит џурнал објави дека официјални лица од Израел и Обединетите Арапски Емирати одржуваат тајни состаноци за да разговараат за Иран, кого го сметаат за заедничка закана.

Повикувајќи се на неименувани американски официјални лица, весникот пишува дека израелските и емиратски делегации се среќаваат тајно под покровителство на САД и разменуваат информации за Иран.

Според весникот, првата таква средба била организирана во пролетта од американскиот специјален претставник Брајан Хук, а неодамна се одржала нова средба.

Во наописот се додава дека фактот што немаат дипломатски односи не е проблем.

Поради палестинското прашање Израел во арапскиот свет има дипломатски односи само со Египет и Јордан.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2019 10:44