Новата британска вакцина против кламидија ги мина своите први тестови за безбедност. Тоа е прва вакцина од ваков вид тестирана врз човек.

Кламидија е бактериска инфекција што се пренесува преку сексуален однос без заштита, дури и ако нема пенетрација. Инфицираното лице често нема симптоми, поради што кламидија се нарекува и тивка болест. Ако не се лекува со антибиотици, тоа може да доведе до сериозни компликации и да влијае на плодноста.

Оваа сексуално пренослива болест е доста честа појава. Во Велика Британија, на годишно ниво, дијагнозата на скоро половина од регистрираните случаи на сексуално преносливи болести е кламидија. Стручните лица велат дека вакцинацијата може да биде најдобриот начин за борба против тоа.

Дополнителните тестови ќе покажат колку е ефикасна и каква доза е потребна, објави списанието „Лансет“.

Но, за тоа ќе бидат потребни години, а во меѓувреме, најдобриот начин да се избегне кламидија е да се користи кондом.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2019 11:06