Претседателот Доналд Трамп изјави по двете масовни пукања во Охајо и Тексас овој месец дека сака да го реши проблемот со тоа што ќе се фокусира на помош за лекување ментални заболувања, а не со контрола на оружјето.
Говорејќи пред поддржувачи на митингот во Њу Хемпшир, Трамп рече дека сака повторно да ги отвори установите за ментално здравје во САД, но не даде детали.
„Ќе ги тргнеме лицата со психички проблеми и опасните луѓе од улиците за да не се вознемируваме од нив. Ова е голем проблем. Има некои тешко болни луѓе и тие се на улиците“, рече Трамп.
Трамп рече дека она што нема да го стори по овие масовни пукања е да преземе мерки што ќе отежнат „луѓето кои почитуваат закони да се одбранат“.