Онлајн кражбите и измами со криптовалути ги уриваат сите претходни рекорди.Во првите шест месеци од оваа година украдени се 4,26 милијарди американски долари преку криптовалути, објави CipherTrace во редовниот извештај цитиран од „Форбс“. За споредба, вкупните кибер-кражби во 2018 година изнесуваа 1,2 милијарди американски долари.

Огромниот раст оваа година се должи на зголемените вештини на хакерите, нагласува CipherTrace. Тие почнуваат да користат се пософистицирани тактики за заобиколување на заштитата на криптовалути, виртуелни паричници и други услуги што се некако поврзани со криптовалути или криптоактиви.

Бројот на компромитирани системи исто така се зголеми како резултат на инсајдерска помош.

Кражбите од класичните хакерски напади се исто така во пораст. Тие се 287 милиони долари за првите шест месеци од годината.

Анализата исто така покажува дека Биткоин е „најпосакувана“ криптовалута од страна на криминалците – 76 отсто од трансакциите на црните онлајн пазари. Таа криптовалута е искористена во 98 отсто од напади со крипто-вируси кои шифрираат компјутерски податоци и бараат откуп за дешифрирање.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2019 13:46