Хумористичната серија „Вил и Грејс“ се прикажуваше од 1998 до 2006 година. Но, сосем случајно, по огромната гледаност на заедничкиот скеч во кампањата за американските претседателски избори 2016 година, актерската екипа повторно се обедини и наредната година серијата продолжи.
Но, по само две сезони, шоуто повторно доживува крај. Причината е – кавга меѓу двете главни глумици.
Дебра Месинг (Грејс) и Меган Мјулали (Керен) веќе не се следат една со друга на Инстаграм.
А, според многумина, токму сплотеноста на поставата, којашто ја сочинуваат уште и Ерик Меккормак (Вил) и Шон Хејс (Џек), односно хемијата меѓу нив четворица, било тоа што ја одржало серијата толку долго.
Серијата има вкупно 228 епизоди.