Набрзо ќе треба да се одржи средбата на германската канцеларка Ангела Меркел со нејзиниот британски колега, премиерот Борис Џонсон, на која двајцата ќе разговараат за најактуелната европска тема во моментов – британското напуштање на ЕУ – Брегзит, најави портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.

Тој наведе дека деталите за средбата ќе бидат соопштени подоцна, пренесоа британските медиуми.

Зајберт, исто така, на новинарите во Берлин им кажа дека германската Влада и натаму се залага за договор за Брегзит, додавајќи дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија без договор не е во интерес на ниту една страна.

Запрашан дали секој изминат ден без договор само го згоплемува ризикот за Брегзит без договор, Зајберт одговори дека „нема да биде полесно“.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2019 14:56