СВР – Куманово поднесе кривична пријава против кумановецот Д.Ќ. (71), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Како што соопшти денеска МВР, на 05.08.2019 околу 11,00 часот во атар на кумановското село Орашац, кај месноста викана „Косматица“, пријавениот на парцели со лозје и житна култура, во негова сопственост, предизвикал пожар, што се проширил и зафатил површина од околу 15 хектари сува трева и ниско стеблести растенија.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2019 15:45