Македонските кадетски репрезентативци браќата Илхан и Ајхан Озмен вчера победија на борбите на Националниот Куп во Врбас 2019 и обезбедија полуфинале.

Илхан Озмен во категоријата до 60 килограми го победи Ференц Саму од Унгарија, кој освои бронза на последното Европско првенство. Во полуфиналето противник на Илхан Озмен е репрезентативецот на Русија, Максим Шумов.

Ајхан Озмен во категоријата до 66 килограми славеше победа над Дарко Мрдовиќ од Црна Гора. Противник на Ајхан Озмен во утрешното полуфинале ќе биде боксерот од Романија, Себастијан Трандафир.

Нашиот претставник во категоријата +80 килограми, Адријан Аземи денеска ќе ги вкрсти ракавиците со Алија Месиќ од БИХ, борба од полуфиналето на овој турнир.

Македонските боксери првпат сезонава имаат три полуфинални борби на еден турнир од Меѓународен од А категорија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2019 13:09