Поранешната број 2 во светот и освојувачка на 2 Гренд-слем титули, Светлана Кузњецова ја спречи Австралијката Ешли Барти да се врати на првото место на светската ранг-листа.

Триесет и четири-годишната Кузњецова, учесничка со „вајлд-карта“, ја победи лидерката во шемата со 6:2, 6:4 и се пласираше во финалето на силниот турнир во Синсинати.

Поставената под број 16, Медисон Кис пак ја совлада својата сонародничка Софија Кенин во два сета – 7: 5, 6: 4. Кис се квалификуваше за нејзиното прво финале на тврди терени по Ју Ес Опен пред две години.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2019 12:38