ИД ја презеде одговорноста за денешниот самоубиствен напад на свадба во Кабул, кога загинаа 63 лица, а 182 беа повредени.

Одговорноста ја презеде огранок на ИД во Авганистан.

Талибанците од претходно негираа вмешаност во нападот.

Нападот се случи во време кога талибанците и САД преговараат за договор со кој се предвидува повлекување на американските сили од Авганистан во замена талибанците да се посветат на мировните преговори со владата во Кабул.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2019 13:11