Четири лица ги загубија животите и други девет се повредени откако биле нападнати од пациент во психијатриска клиника во Романија.

Нападот бил извршен од 38-годишен маж примен на клиниката во мал грaд северно од Бузау.

Мажот влегол во соба за терапија и нападнал други пациенти со метален држач за инфузии.

Од деветмината повредени, двајца се во кома.

Според директорката на болницата пациентот бил промен во состојба за која не било неопходно зголемено ниво на набљудување. – Првичните симптоми не даваа индикации дека ќе се случи трагедија, изјави Виорика Михаласку.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2019 13:24